УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Мбапе за играњето со маска: Ужасно е, не гледам што се случува на теренот

Килјан Мбапе го скрши носот во првото коло против Австрија при победата од со 1:0 и со заштитна маска на лицето го игра остатокот од првенството, а пред денешниот дуел со Белгија отворено проговори за своето ново и очигледно непријатно искуство.

Како што истакна, маската му создава огромни проблеми во текот на играта.

Рече дека досега пет пати ја менувал маската бидејќи ниту една не му одговарала. Се надева дека му направиле соодветна за дуелот против Белгијците.

„Ужасно е да се носи маска. Моето видно поле е стеснето и не можам да видам што сѐ се случува на теренот. Исто така, маската ја задржува потта на моето лице“, се пожали Мбапе, кој го опиша и чувството кога за прв пат играше со маска, против Холандија во третото коло.

„Имав чувство дека го гледам натпреварот во 3D од ВИП ложата. Гледав луѓе на теренот, но се чувствував како да не играм. Штом лекарите ќе ми дозволат да ја извадам маската, ќе ја тргнам“, рече тој.

Remote video URL

Мбапе денеска како капитен ќе ја предводи Франција во осминафиналето против Белгија. Натпреварот во Дизелдорф започнува во 18:00 часот и ќе се пренесува во живо на МРТ1.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Read more

Фудбал

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Read more

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Read more

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Read more

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Read more
 

Спорт

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Читај повеќе

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Читај повеќе

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Читај повеќе
  • play_arrow

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Читај повеќе

Познати сите четвртфинални двојки на ЕУРО и на Копа Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лакрдија на Копа Америка: Во ВАР цртаа погрешни офсајд линии и не досудија пенал за Бразил

Читај повеќе

Италијанците разочарани: Подобри сме на плејстејшн отколку на терен

Читај повеќе

Статистиката овојпат му се удри од глава на Роналдо

Читај повеќе