Никна нов женски клуб во скопски Аеродром

Филип Здравески
/ 02.07.2024 / 12:12

Македонскиот фудбал за жени е побогат за уште еден клуб откако ФК Слободен создаде и свој женски тим со кој ќе се натпреварува нареднава сезона.

Клубот кој се натпреварува во општинската лига група Кисела Вода сега се етаблира и во женската фудбалска заедница. ЖФК Слободен следната 2024/2025 сезона ќе се натпреварува во втората женска лига (2.ЖФЛ), која е најниска во моментов бидејќи беше лансирана пред само 4 години. Одлично е да се види дека женскиот фудбал во Македонија полека но сигурно расте. Иако лигата започна пред повеќе од 20 години, само од сезоната 2021/2022 имаше доволно тимови за да се создаде и втора лига. Сега, со додаден Слободен, таа лига следната сезона треба да има 9 екипи, доколку сите од минатата сезона го потврдат учеството.

Она што веќе го знаеме е дека новиот клуб има лого речиси идентично како и машкиот тим и веќе најде тренер во не било кој, туку во поранешната македонска репрезентативка Христина Арсова. Тимот веќе има фудбалерки и летово работи напорно на доекипирањето за својата прва сезона. Клубот од Аеродром е отворен за сите фудбалерки не само од Аеродром туку и од Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Влае и други скопски населби, со оглед на тоа што одржува тренинзи на различни локации.

Од Слободен нѐ информираа дека доставиле барање до Општина Аеродром да го користат стадионот „АМС Реонски Центар“ за домашни натпревари бидејќи ќе бидат единствен женски тим во најнаселената скопска општина. „АМС Реонски Центар“ во моментов се реновира со поставување на нов тревник.

Тренерот Арсова и една од играчите, Јелена Божикова, неодамна гостуваа во подкастот на „Скратен Корнер“.

Remote video URL

Додека очекуваме од ЖФК Слободен да н известата за напредокот и подготовките, да видиме како треба да изгледаат двете македонски женски фудбалски лоиги нареднава сезона. Минатата сезона шампион и куп победник беше тетовски Љуботен. Од првата лига испадна Цевитана, а Атлетико се избори за место во елитата.

1.ЖФЛ 2024/2025:
  • Ас Јунајтед (Струга)
  • Атлетико (Битола)
  • Истатов (Скопје)
  • Каменица Саса (Македонска Каменица)
  • Љуботен (Тетово)
  • Речица (с. Речица, Кумановско)
  • Скопје 2014 (Скопје)
  • Тиверија (Струмица)
  • Топ Гол (Битола)
  • Шкендија (Тетово)
2.ЖФЛ 2024/2025:
  • Билјанини Извори (Охрид)
  • Борец (Велес)
  • Вардар (Скопје)
  • Кочани (Кочани)
  • Плачковица (Радовиш)
  • Победа 16 (Валандово)
  • Порече (Македонски Брод)
  • Слободен (Скопје)
  • Цевитана (Прилеп)
реклама
Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Read more
НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

Read more
Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Read more
Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе