ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Струга прави дрим тим: По Ристевски, потпиша и Спировски

Филип Здравески
/ 01.07.2024 / 15:37

Шампионот Струга денеска го претстави најновото засилување, поранешниот репрезентативец Стефан Спировски.

Откако минатата недела се засили со Кире Ристевски, искусниот бек со 59 настапи за македонската репрезентација, кој беше дел и од ЕУРО 2020, денеска Струга се пофали со уште едно засилување од истиот калибар. Интересно, и двајцата доаѓаат од редовите на кипарски Етникос, а се и генерација, родени 1990 година.

Стефан Спировски беше дел од истата репрезентативна генерација како Ристевски и запиша 55 настапи со 1 постигнат гол, а играше и на ЕУРО 2020. Тој со Струга потпиша 2-годишпен договор и ќе го носи дресот со бројот 6.

„Неговото големо искуство во европските натпреварувања сигурно ќе биде добредојдено за нашиот тим, особено во последната линија од средниот ред, каде најдобро се снаоѓа, иако може да игра и како централен играч за врска“, велат од шампионот.

Спировски во текот на својата богата кариера, која ја почна во Пелистер од родната Битола, играше за Борац во Србија, Берое во Бугарија, Ференцварош и МТК во Унгарија, Хапоел Тел-Авив во Израел, АЕК во Кипар, Мариупол во Украина и Пјуник во Ерменија. Во Македонија беше дел од Работнички и Вардар.

Покрај Спировски и Ристевски, Струга летово се засили и со десниот бек Бојан Илиевски од Македонија ЃП, играчот од дефанзивната средина Стефан Јевтоски од унгарски Ујпешт, левото крило Арби Воша од Шкупи и јапонскиот вингер Масааки Такахара од Гостивар.

Струга на 10 јули го има првиот натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите кога му гостува на словачкиот шампион Слован. Реваншот е по една недела, на 17-ти. Во случај на елиминација ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Read more

Фудбал

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Read more

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Read more

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Read more

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Read more
 

Спорт

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Читај повеќе

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Читај повеќе

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Читај повеќе
  • play_arrow

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Читај повеќе

Познати сите четвртфинални двојки на ЕУРО и на Копа Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лакрдија на Копа Америка: Во ВАР цртаа погрешни офсајд линии и не досудија пенал за Бразил

Читај повеќе

Италијанците разочарани: Подобри сме на плејстејшн отколку на терен

Читај повеќе

Статистиката овојпат му се удри од глава на Роналдо

Читај повеќе