По најавите за невреме: Зголемена внимателност и можност од локални проблеми со хидролошката состојба во одделни региони

Соодветно најавата на синоптичарите дека во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и дека локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, во секторот хидрологија е направена анализа на резултатите од достапните модели и е дојдено до заклучок дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време наврнат поголеми количини дожд, можно е да дојде до забрзано истекување на вода по падините, малите реки и суводолиците, а на одредени локации можно е да се јават локални проблеми, предупредуваат од секторот за хидрологија при Министерството за земјоделство.

„Достапните модели најавуваат појава на врнежи на целата територија од државата, почвите и теренот е релативно влажен, а во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност кај следните поголеми и помали региони:

– Скопски, Кумановски, Паланечки, Кратовски, Пробиштипски, Каменички, Кочански, Светиниколски, Штипски, Струмички, Велешки, во реоните на Групчин, Соње, Сопиште, но секако можни се и отстапувања од најавените региони и реони“, се истакнува во соопштението.

Препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места на кои има опасност од одрони и свлечишта.

По најавите за невреме скопските општини во текот на денов преземаа активни мерки за чистење на атмосферските шахти со цел превенција од можни штети.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Македонија

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Read more

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Read more

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Read more

Радев: 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло

Read more
 

Вести

Го натерале да се запали, па избегале: 24-годишен скопјанец пренесен на Клиника

Читај повеќе

Евакуиран Версајскиот дворец

Читај повеќе

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Читај повеќе

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Читај повеќе

Путин: Треба да создадеме фер мултиполарен светски поредок

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција на улица, се протестира против десницата

Читај повеќе

Украинците забрзано развиваат евтино оружје што може суштински да ја промени војната

Читај повеќе

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Читај повеќе

Хезболах започна одмазднички напад: Истрелавме повеќе од 200 ракети кон Израел

Читај повеќе