За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе се разгледува на првата седница на економско-социјалниот совет. Министерот Дурмиши не кажа за кога е планирана првата седница, но уверува дека на дневен ред ќе бидат сите отворени прашања и од сидикатите и од работодавците.

„Во рамките на економско-социјалниот совет, со кој сега ќе претседавам јас како министер за економија и труд, кое е највисоко тело составено од претставници и од синдикатите, и од работодавците, и од Владата, ќе почнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавците. Со реорганизацијата што се прави сега со новата Влада ќе се формираат нови членови и ова прашање на првиот состанок ќе биде ставено на маса за дискусија. Кака Влада од особено значење ни е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на новата мерка за ова прашање. Мора да ги имаме предвид интересите на работниците, но и интересите на бизнис-секторите“, рече министерот Дурмиши.

Тој извести дека во меѓувреме продолжува процесот за подготовка на новиот Закон за работни односи и Законот за безбедност при работа. Дурмиши извести дека од денес па натаму ќе се посвети преку креирање мерки да почне нов циклус за економско заживување на државата и подобрување на работничките права.

Со новата реорганизација главен фокус на Министерството за економија и труд ќе биде засилена поддршка на индустријата, креирање мерки за микро, малите и средните компании, зголемување на конкурентноста на бизнисот, внатрешниот пазар, трговијата, како и поддршката на работодавците, креирање мерки и политики за вработување, подобрување на пазарот на труд и заштита на работничките права.

Ќе продолжи финансиската поддршка за инвестициите за домашните и странските компании регулирана со Законот за финансиската поддршка, кој е во надлежност на ова министерство.

„Планираме постапката и условите за добивање државна помош да бидат ревидирани во насока на поголем износ на поддршка за домашните компании што извезуваат и компаниите од секторите за конкурентна предност“, вели министерот Дурмиши.

Во наредниот период Дурмиши најави дека ќе поднесе барање до Државниот завод за ревизија за целосна ревизија на работењето на Министерството за економија почнувајќи од 2015 година кога последен пат е направена целосна ревизија на работењето на Министерството од страна на Државниот завод за ревизија. Целта на ревизијата е и тие и јавноста да видат како се работело во време на претходната власт.

реклама

Дали е здрава туната од конзерва?

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Македонија

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Read more

Сончево време со температура до 36 степени

Read more

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more
 

Вести

Шефовите на влади доаѓаат и си одат, но тој останува: Мачорот Лари во Лондон го пречека шестиот премиер

Читај повеќе

Поскапуваат патарините во Србија, познати се новите цени

Читај повеќе

Истражување: 30% од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Читај повеќе

Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг

Читај повеќе

Фицо: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Читај повеќе

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Читај повеќе

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан: Му кажав на Путин дека на Европа ѝ треба мир

Читај повеќе

Сончево време со температура до 36 степени

Читај повеќе