Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.

Информираше дека во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.

„Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи“, посочил Тошковски за време на посетата.

Тој нагласил дека ќе изградат систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите граѓани.

реклама

Македонија

По најавите за невреме: Зголемена внимателност и можност од локални проблеми со хидролошката состојба во одделни региони

Read more

Граѓаните да внимаваат: Измамници од име на МВР и ЕВРОПОЛ праќаат лажни покани

Read more

Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина

Read more

Левица: Владата да ги оспори пописните резултати и да спречи бугаризација на Македонците во Албанија

Read more
 

Вести

По најавите за невреме: Зголемена внимателност и можност од локални проблеми со хидролошката состојба во одделни региони

Читај повеќе

Сите наопаку, Грција терсене

Читај повеќе

Граѓаните да внимаваат: Измамници од име на МВР и ЕВРОПОЛ праќаат лажни покани

Читај повеќе

Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан неочекувано го посети Зеленски

Читај повеќе

Левица: Владата да ги оспори пописните резултати и да спречи бугаризација на Македонците во Албанија

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа тројца скопјани

Читај повеќе

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од Преспанскиот

Читај повеќе

Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот

Читај повеќе