Орбан неочекувано го посети Зеленски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за актуелни прашања од унгарско-украинските односи, потврди претставникот за медиуми на Орбан.

Посетата на Орбан, отворен критичар на западната воена помош за Украина, доаѓа еден ден откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.

„Најважната тема на дискусија е можноста да се создаде мир“, напиша портпаролот на Орбан за медиумите Берталан Хаваси во одговорот по е-пошта до Reuters, додавајќи дека двајцата лидери ќе разговараат и за унгарско-украинските односи.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски кратко разговараа минатата недела на маргините на самитот на Европската Унија во Брисел.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пред неговата посета на Киев вети дека ќе ги преземе „првите чекори“ за да помогне во обновувањето на мирот во Украина. Интервју со него синоќа беше објавено на унгарската телевизија М1.

На прашањето што може да направи Унгарија за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ за да се стави крај на војната во Украина, Орбан рече дека првите чекори за промовирање на мирот ќе бидат преземени утре (2 јули).

„Ако го погледнете утрешниот печат, веќе ќе ги видите првите чекори“, изјави синоќа унгарскиот премиер, пред да се знае дека ќе ја посети украинската престолнина.

Орбан истакна и дека Американците не треба да бидат изоставени кога е во прашање иднината на ЕУ и руско-украинската војна. Тој смета дека ЕУ ќе мора да се подготви за ситуацијата дека порано или подоцна Русите и Американците ќе се договорат.

„Каде ќе биде Европа овде? Кој ќе ги застапува нашите интереси? А кои се нашите интереси?“, праша тој, додавајќи дека унгарското претседателство не може само да одговори на овие прашања.

Британски Guardian доцна синоќа објави дека добил потврда од три извори дека унгарскиот премиер денеска ќе ја посети Украина.

Два извори од Будимпешта рекле дека Орбан се очекува да се сретне со претседателот Володимир Зеленски во Киев, како дел од првото патување на унгарскиот премиер во соседна Украина од почетокот на сеопфатната инвазија пред повеќе од две години.

„Предуслов за средбата беше да се реши прашањето за националните права. Во изминатите недели беше постигнат договор. Тој ќе може да го прогласи ова за успех“, изјави извор од Будимпешта запознаен со подготовките за посетата.

Орбан, најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставува на иницијативите на ЕУ за поддршка на Украина во нејзината одбрана од агресијата на Москва од инвазијата во февруари 2022 година. Орбан му рекол на Путин минатата година дека Унгарија никогаш не сакала да ѝ се спротистави на Русија.

На почетокот на 2024 година, на лидерите на ЕУ им требаа недели да го отфрлат ветото на унгарскиот премиер за одобрување нова помош од 50 милијарди евра за Украина. Минатата недела ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина, давајќи ѝ на земјата политички поттик во време на војната против Русија, иако има уште долг и тежок пат пред неа пред да може да се приклучи на блокот.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

4 хороскопски знаци кои летово ќе запловат во судбоносна врска

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Свет

Евакуиран Версајскиот дворец

Read more

Путин: Треба да создадеме фер мултиполарен светски поредок

Read more

Франција на улица, се протестира против десницата

Read more

Украинците забрзано развиваат евтино оружје што може суштински да ја промени војната

Read more
 

Вести

Го натерале да се запали, па избегале: 24-годишен скопјанец пренесен на Клиника

Читај повеќе

Евакуиран Версајскиот дворец

Читај повеќе

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Читај повеќе

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Читај повеќе

Путин: Треба да создадеме фер мултиполарен светски поредок

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција на улица, се протестира против десницата

Читај повеќе

Украинците забрзано развиваат евтино оружје што може суштински да ја промени војната

Читај повеќе

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Читај повеќе

Хезболах започна одмазднички напад: Истрелавме повеќе од 200 ракети кон Израел

Читај повеќе