Левица: Владата да ги оспори пописните резултати и да спречи бугаризација на Македонците во Албанија

Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на Софиската и Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно. Според резултатот од пописот, 7.957 се попишани како Бугари, додека само 2.281 се попишале како Македонци, иако никогаш во сите досегашни 11 пописи кои ги има спроведено Албанија, ниту еден жител се нема изјаснето како Бугарин, истакнуваат од Левица.

Левица потсетува дека и претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население.

„Притисокот врз Македонците беше системски и се вршеше заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, со што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за остварување на своите цели.

За овие проблеми, како и за многу други, Македонците преку своите претставници и здруженија, многупати алармираа до државните институции и до власта на Рама, кои воопшто не реагираа по однос на пријавените проблеми.

Левица за време на пописот многупати реагираше на оваа тема, обелоденувајќи детали од притисоците кои се вршат и бараше од македонското МНР и од Владата да испратат итна реакција и протестна нота, што, за жал, не се случи.

Актуелната Влада е должна да се избори за Македонците во Албанија да добиваат реципроцитетен однос од државата како што добиваат Албанците во Македонија“, потенцираат од оваа партија.

Несомнено е дека пописот во соседна Албанија, како што велат, е спроведен во насока да претстави лажна слика за македонското малцинство и истиот бугарските служби го користат како алатка за бугаризација на Македонците и отворање на патот за нови барања на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Од Министерството за надворешни работи бараат итна реакција на меѓународна инстанца, оспорување на резултатите од пописот во местата со македонско население во Албанија и претставување на проблемот до Европската комисија, со цел заштита на правото на самоопределување на Македонците и спречување на нивна бугаризација во Албанија.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Македонија

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Read more

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Read more

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Read more

Радев: 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло

Read more
 

Вести

Го натерале да се запали, па избегале: 24-годишен скопјанец пренесен на Клиника

Читај повеќе

Евакуиран Версајскиот дворец

Читај повеќе

Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, вели Мицкоски

Читај повеќе

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична

Читај повеќе

Путин: Треба да создадеме фер мултиполарен светски поредок

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција на улица, се протестира против десницата

Читај повеќе

Украинците забрзано развиваат евтино оружје што може суштински да ја промени војната

Читај повеќе

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Читај повеќе

Хезболах започна одмазднички напад: Истрелавме повеќе од 200 ракети кон Израел

Читај повеќе