Huawei е новиот лидер во продажба на смартфони на преклоп

Во првиот квартал од годината, од јануари до март, Huawei продаде најмногу смартфони на преклоп во споредба со своите конкуренти, покажаа податоците од Counterpoint Research.

Ова е прилично изненадувачки развој на ситуацијата кога ќе се земе предвид колку е занемарлива продажбата на уредите на Huawei во повеќето делови на светот во последните две години, односно откако САД одлучија да го забранат пристапот до услугите на Google до ова компанија.

Кога зборуваме за уреди на преклоп, повеќето луѓе веројатно мислат на Samsung, но јужнокорејската компанија и понатаму е на второто место. Покрај тоа, продажбата на преклопливите уреди на Samsung всушност падна за 42 отсто во споредба со првиот квартал од 2023 година.

Растот на Huawei до 275 проценти е главно резултат на продажбата во Кина, која се зголеми откако компанијата го претстави Mate X5 минатата година. Доцниот премин кон поврзувањето 5G, исто така, се чини дека одигра значајна улога во привлекувањето на интересот на кинеските купувачи за уредите на преклоп на Huawei.

Honor го зазеде третото место во испораките со раст од 460 отсто, но најголем раст всушност оствари Motorola, која успеа да продаде 1.473 отсто повеќе уреди на преклопување во првиот квартал од оваа година во однос на првиот квартал од 2023 година.

Севкупно, продажбата на преклопливи уреди е зголемена за 49 отсто во споредба со истиот период минатата година. Растот на Honor и Motorola е првенствено резултат на продажбата надвор од Кина, за разлика од растот на Huawei.

Уделот на Honor на пазарот на мобилни телефони на преклоп сега е 12 отсто, додека минатата година беше 3 отсто. Honor Magic V2 стана најпродаваниот мобилен телефон на преклоп во Западна Европа во првиот квартал од 2024 година. Уделот на Motorola на глобалниот пазар на преклопни уреди сега изнесува 11 отсто благодарение на силните продажни резултати на серијата Razr во Северна Америка.

Во првиот квартал од 2024 година, уредите на преклоп (во форма на книга) сочинуваа 55 отсто од глобалните испораки. Сепак, ситуацијата може да се промени малку подоцна оваа година кога Samsung ќе го претстави својот Galaxy Z Flip6. Huawei наводно планира да лансира подостапен паметен телефон со преклопување, додека Xiaomi и Honor исто така ќе ги претстават своите први модели на преклоп.

Тагови
реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Мобилни

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Read more

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Read more

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Read more

Најдобрите Android телефони за 2025

Read more
 

Гик

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Читај повеќе

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе