Откако не беше номинирана за Оскар, Лејд Гага доживеа уште едно разочарување. Остана и без SAG наградата за најдобра главна актерка.
Иако блесна на црвениот килим, Лејди Гага не зеде награда за најдобра женска улога, беше номинирана за улогата на Патриција Гучи што ја толкуваше во „House of Gucci“.
Наградата SAG за најдобра женска улога беше доделена на актерката Џесика Честејн, за улогата во филмот „The Eyes of Tammy Faye“.
Лејди Гага на црвениот килим се појави во креативна тоалета на Armani и го привлече вниманието на новинарите. Оваа година на листата номинирани беа разни холивудски имиња.
Вил Смит освои SAG награда за најдобра машка главна улога во „King Richard“.
Легендарната Хелен Мирен доби награда за животно дело.