Локдаун жртви: Никогаш немало толку многу смртни случаи од предозирање

Штетата од пандемијата на коронавирус се акумулира низ целиот свет, а еднa од наголемите е зголемувањето на бројот на смртни случаи од предозирање во голем број земји.

Во многу земји, трендовите беа многу лоши дури и пред пандемијата, а воведувањето на рестриктивните мерки како локдаун и карантини, натера многу зависници во изолација.

За САД, Русија и Шкотска, 2020 година беше рекорден број на смртни случаи од предозирање.

САД минатата година забележаа рекордни 93.000 смртни случаи од предозирање, неверојатни 30 проценти повеќе од претходната година.

„За време на пандемијата, многу програми за помош за зависност не можеа да се спроведат. Помошта на улица беше многу тешка. Луѓето беа изолирани“, изјави експертот за јавно здравје Џошуа М. Шарфштајн за Reuters.

Исто така, се истакнува промената во видот на дрога што е достапна на улица. Во САД многу се зборува за фентанил, опиоид кој е 80 до 100 пати посилен од морфиум или хероин. Дилерите често ги мешаат овие лекови.

Шкотска, позната како еден од центрите за употреба на дрога во Европа, исто така, забележа рекордна тажна година - 1.339 смртни случаи од предозирање беа регистрирани во земјата. Ова е зголемување за 5 проценти во споредба со 2019 година. Шкотска веќе има најголем број смртни случаи од дрога во Европа на 100.000 жители - 25. Тоа е три и пол пати повеќе од остатокот на Обединетото Кралство.

И во Англија и во Велс, 2020 година беше најсмртоносната во однос на предозирање од 1993 година. Пријавени се повеќе од 4.500 жртви.

Во Шкотска, употребата на дрога предизвика криза во јавното здравство, како што самата влада признава.

„Бројот на жртви поради употреба на дрога е целосно неприфатлив. Шкотската влада не ја отфрла одговорноста и ние сме решени да направиме промени за да спасиме животи “, напиша премиерот Никола Старџен на Twitter минатата недела. Од 2013 година, пишува Guardian, бројот на смртни случаи од предозирање во таа покраина во Велика Британија е зголемен за 137 проценти.

Едно од најголемите влошувања се случува во Русија, каде минатата година имаше 7.400 смртни случаи од предозирање, 1.100 или 17 проценти повеќе отколку во 2019 година, но и речиси двојно повеќе отколку во 2018 година.

Руските медиуми пренесуваат дека една од најчестите причини за смрт е зголемувањето на бројот на синтетички лекови со слаб квалитет произведени од домашни супстанции, откако беа воведени построги контроли на увозот на странски супстанции за време на пандемија. Има пад на трговијата со дрога во земјата токму поради гореспоменатите контроли.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе