Мемети: Во затворот Идризово владее корупција, осудениците спијат на кревети без душек

Народниот правобранител Иџет Мемети на прес-конференција, презентирајќи го годишниот извештај, рече дека состојбите во затворот се крајно понижувачки и дека осудениците во затворот Идризово живеат во крајно нехумани, нечовечки и деградирачки услови.

„Во затворот се сместени 1.966 лица, што е двојно повеќе од капацитетите. Во страшна состојба се и приемното и амбулантното одделение. Во приемното одделение нема прозорци и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат од сите страни” , рече Мемети.

Правобранителот соопшти дека во затворот владее корупција и дека со пари затворениците можат да купат мобилни телефони, кревети, други подобности и дрога. Мемети додаде дека посета извршиле и во 8 полициски станици од кои само една ги исполнувала минималните услови. Во овој извештај се направени вкупно 50 посети од кои 4 во казнено-поправни установи, 8 во полициски станици, 1 во заводот во Демир Капија и 37 во центрите за згрижување бегалци.

Посетите ги правеле лица ангажирани со договор на дело затоа што Македонија немала Национален превентивен механизам. Ангажирани биле криминолози, психолог и психијатар, правници, социјални работници и медицинска сестра.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе