МОН: Ќе се формира комисија, ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за V одделение

Ќе се формира комисија што ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за V одделение, информираа попладнево од Министерството за образование и наука.

– Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за V одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението на историчари, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија што ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции. Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот, се појаснува во соопштението.

МОН апелира до надлежните стручни тела и органи што се дел од процесите на одобрување на учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците што се користат во основното и средното образование.

– Секако, во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса books@mon.gov.mk, додаваат од Министерството.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе