МОН: Учениците ќе имаат учебници на 1 септември, испораката се интензивира

Министерството за образование информира дека сите учебници, кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници, се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата.

„Во согласност со акцискиот план, целосно завршена е испораката во Југоисточниот регион, а во моментот учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата. Процесот на испорака на сите учебници што се одобрени, вклучително и на најновите за III одделение, кои ќе се дистрибуираат утре, ќе биде целосно завршен на 1 септември. Оние што се во постапка, а тоа се учебниците за VI одделение, ќе се испорачаат во текот на септември, односно веднаш штом ќе ги поминат сите фази на процесот на одобрување. Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците, кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, во чија и сопственост се тие“, велат од МОН.

Оттаму уверуваат дека задолжените оператори за испорака на учебниците се максимално ефикасни.

„Во координација со училишните служби работеа и за време на викендите, а ќе работат и во претстојниот викенд. Интересот на учениците е заеднички фокус на сите нас. Упатуваме апел до јавноста да ги следи информациите што ги објавува МОН наместо информациите што ги пласираат други страни, меѓу кои често и докажани центри за ширење шпекулации“, дополнуваат од МОН.

Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе