Московски: Од август поевтин роаминг за Македонија

Софија, 3 мај 2018 (МИА) – Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.

Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан.

Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, Македонија и Србија веќе активно работат на потпишување спогодба.

- Активностите течат во координација со бугарската еврокомесарка Марија Габриел која беше иницијатор за пониски цени за роамингот во регионот, истакна бугарскиот министер за транспорт.

Во февруари годинава беше потпишан меѓувладин Меморандум за намалување на цените на роамингот за државите од Западен Балкан, што отвори можност мобилните оператори да почнат разговори за постигнување меѓусебен договор околу намалување на цените. Пониски цени за телефонските разговори меѓу државите од Западен Балкан и од ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседавање со Унијата.

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе