Не ја почитувале мерката за изолација

МВР: Три лица ќе бидат во државен карантин на сопствен трошок

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници, соопшти денеска МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци. 

Министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев соопшти дека во државен карантин се спроведени вкупно 170 лица.

– Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата на COVID-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на Владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 20327 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 618 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша на својот Facebook профил Чулев.

Тој посочува дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 187 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Чулев, исто така, апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе