МЖСПП: Винилхлорид мономерот безбедно пристигна во Германија

Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина денеска соопштија дека цистерната под притисок со винилхлорид мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја.

– Имено, согласно известувањето добиено од фирмата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, постапката за извоз и безбедно транспортирање на винилхлорид мономер (ВЦМ) од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ Скопје,  комплетно е завршена, се наведува во соопштението од МЖСПП.

На 29 септември оваа година, согласно законските прописи за транспорт на ваков вид на опасен отпад, однапред била испратена најава дека ќе се врши извозот и биле известени надлежните институции и гранични премини на Северна Македонија, транзитните држави (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија), како и земјата увозник, Германија.

– На ден 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен винилхлорид мономер (ВЦМ) на транспортно возило сопственост на транспортерот „ДЕНИС Гал“ од Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17 часот транспортното возило товарено со цистерната со винилхлорид мономер ја напушти територијата на Северна Македонија, се посочува во соопштението.

Транспортот, како што се наведува, се одвиваше без никакви проблеми и на ден 6 октомври транспортното возило со цистерната со винилхлорид мономер пристигна на терминал во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbh во Шкопау, Германија. Истиот ден се извршил и прием и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот.

– Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме повратна информација кога винилхлорид мономер ќе биде уништен, наведуваат од МЖСПП.

Активноста  е дел од проектот за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ Скопје.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе