Над „Св. Стефан“ во Виена, ноќта пред Велигден ќе блесне скала кон небото

Во катедралата „Свети Стефан“ во центарот на Виена, ноќта пред Велигден, ќе блесне скала насочена кон небото. Инсталацијата „Небесна скала“, е дело на уметницата Били Танер, и ќе биде симболика на спуштањето на Земјата и вознесението на небото, на вера, љубов и надеж.

Светлосната скала ќе се протега над крстилницата на катедралата, низ сводот, сè до самиот врв на јужната кула, а тоа е засновано на библиската приказна за Јаков, од Стариот завет, како што соопшти денеска Градската канцеларија на Виена. Во приказната, Jaков во сонот гледа скали кои се протегаат од земјата до небо, и по коишто се искачуваат и се спуштаат ангелите. Бог му ветил спасение, иднина, надеж и благослов за него и неговото семејство.

– Едно лице често ги надминува своите можности на многу начини, исполнувајќи ја смислата на својот животот, рече авторката, објаснувајќи го значењето на нејзиното дело.

Според неа, „Небесната скала“ е претставена како скала со одредена смисла - сознанието дека најниската скала е исто толклу важна како и највисоката.

– За мене, тоа значи живеење на различни нивоа во нашиот живот, објаснува виенчанката.

Скалите од Стариот завет во христијанската духовност го симболизираат личниот стремеж на човекот кон Бога и рајот. Тој пат кон рајот води преку скалилата коишто ги симболизираат доблестите. Секоја пречка пак, ги претставува земните себични потреби како препреки во тоа да се доживее блискоста на Бога.

Во овие предизвикувачки времиња, вели таа, ова осветлување претставува три божествени доблести – надеж, вера и љубов. Симболичните скали ќе блеснат в сабота пред католички Велигден, во 21 часот и ќе светат секоја вечер до 31 мај.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе