Најдобрите фотографии направени со смартфон
Со цел да доловат добра фотографија, луѓето мислат дека им е потребен скап апарат. Всушност, сè што ви треба е телефон, малку вештини и бујна фантазија.
Крајниот резултат е понекогаш подобар од очекуваното. Доказ за тоа се победничките фотографии на Mobile Photography Awards. На овој фото натпревар за 2020 година пристигнаа над 5.700 фотографии од 75 земји. Ова се победниците од сите категории како Улична фотографија, фотоновинарство, црно0бело, дигитална уметност, фото есеј, транспорт и слично.