Најмалку 21 жртва во земјотресот во Италија

Бројот на загинати во разорниот земјотрес, кој утрово во три часот и 36 минути ја погоди централна Италија се искачи на 21 лице, пренесуваат локалните медиуми. Најмалку десет луѓе загинале во Пескара, пет во Аматриче и шест во Акумоли.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, во ноќта помеѓу вторникот и средата, ја погоди централна Италија, епицентарот бил на 10 километри од Пескара и на само 126 километри од италијанската престолнина Рим, каде потресите исто така биле почувствувани.

Најтешко од разорниот земјотрес е погоден малиот град Аматриче, чии градоначалник Серџио Пироци низ солзи рекол дека „градот повеќе го нема“. каде неколку згради се целосно разурнати.

Повозрасна брачна двојка, чија куќа во местото Пескара дел Тронто, во регионот Марка, се срушила, се први жртви на земјотресот, објави АФП повикувајќи се на италијанските медиуми.

Градоначалникот на Алквата дел Тронто, место кое се наоѓа во близина на Пескара, рекол дека четири лица се затрупани во урнатините, но дека тие не реагираат на повиците на спасувачките екипи.

Потресот бил почувствуван и во главниот град Рим, како и во Перуџа, град кој се наоѓа на само 35 километри од епицентарот на земјотресот и во Фиренца.

Италијанскиот премиер Матео Ренци порачал дека властите се во контакт со градоначалниците на погодените подрачја, кои веќе започнале да ја добиваат потребната помош.

Ренци од раните утрински часови е во својот кабинет и лично ја надгледува ситуацијата во централниот дел на земјата.

Регионот на централна Италија од силен земјотрес беше погоден и во 2009 година, тогаш загинаа повеќе од 300 луѓе. 

реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе