Сега е и официјално – „Bridgerton“ е најуспешната серија на Netflix на сите времиња.
Дури 82 милиони корисници ширум светот ја погледнале историската љубовна романса.
Серијата е инспирирана од романот на Џулија Квин, а дејството го следи животот на најстарата ќерка во семејството Бриџeртон, нејзините доживувања во Лондон и желбата за брак. Покрај Фиби, во главната улога е Реге-Жан Пејџ, кој веќе се спомнува како наследник на Даниел Крег во новиот филм за Џејмс Бонд.
Но, која е тајната за популарноста на оваа серија? Иако е замислен како историска приказна, „Bridgerton“ носи аспекти на современата романса, воведувајќи врски од мешани раси и класи, невозвратена љубов, фатални врски и големи страсти – што досега се покажувало како рецепт за гарантиран успех.
Читајте следно: Жените полудеа по секс-сцените во „Bridgerton“: Со што сум се задоволувала јас досега?