Низ фотографии: Погледнете како изгледа Нагорно-Карабах додека трае конфликтот
Војната за регионот Нагорно-Карабах трае веќе со денови, а фотографиите од ова подрачје на најдобар начин ја илустрираат моменталната ситуација и ги прикажуваат досегашните последици од конфликтот.
Според последните информации, околу 100 цивили настрадаа во конфликтот на Ерменија и Азербејџан. На фотографиите ќе забележите дека се предизвикани големи материјални штети на домовите на многу луѓе, а некои од нив се целосно уништени. Објекти како што се болници, продавници и други установи се оштетени, а бројните експлозии ги уништија и паркираните автомобили и сето она што се наоѓа во непосредна близина.
Локалното население на улиците собира храна и хигиенски производи за цивилите кои се наоѓаат во Нагорно-Карабах.