Низ Македонија снег, најмногу во Мавровскиот крај

Во Маврово изутрина до седум часот се наврнати 52 литри воден талог на метар квадратен, 49 во Демир Капија, 38 во Пожаране, 29 во Крушево, 26 во Гевгелија и Струмица, 23 во Тетово и Дојран, 20 во Битола, 17 во Берово и 15 во Ѓуриште.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 48 сантиметри, по што следуваат Крушево со 27, Пожаране со 20, Ѓуриште со 19 и лазарополе со 17 сантиметри.

Најстудено е во Маврово, минус 4 степени, а минус три степени се измерени во Лазарополе, минус два во Тополчани, Ѓуриште и Крушево, минус еден во Пожаране.

Времето изутринава е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе