Поглед во преполнетите затвори во Ел Салвадор
Затворите во Латинска Америка се преполни со затвореници, па социјалната дистанца е невозможна во време на пандемија. Чиле, Колумбија и Никарагва објавија дека илјадници затвореници ќе бидат преместени во домашен притвор, давајќи им приоритет на повозрасните, бремените жени и на оние со здравствени проблеми. Но, кога станува збор за Ел Салвадор, затворите се преполни со опасни припадници на банди и нарко картели.
BBC објави фотографии од преполнетите затвори направени од фотографот Тарик Заиди кој две години ги документира условите во затворите во Ел Салвадор. Затворските чувари го кријат идентитетот за да не бидат доведени во опасност нивните фамилии.
Капацитетот на затворите е 18.051 затвореник, а моментално има над 38.000 затвореници.