Како би изгледале славните историски личности денес?
Бека Саладин е графички дизајнер. За себе вели дека од мали нозе е опседната со историјата и археологијата, а минатото го опишува како филм преполн со настани на кои би сакала да учествува.
За неа најголема мистерија е тоа како би изгледале денес некои од познатите славни историски личност, па одлучи на некој начин тоа да го открие преку интересни илустрации кои ги споделува на Instagram.
На нејзината листа се историски личности кои ги има замислено во денешно, модерно време како Александар Велики, Цезар, кралицата Нефертити, Џејн Остин, Абрахам Линколн, Наполеон и други.
За Bored Panda таа објави галерија од нејзините илустрации кои дефинитивно нема да ве остават рамнодушни.