Нов напад на китови убијци кај шпанскиот брег, уништија брод

Макфакс
/ 26.05.2023 / 08:13

Китовите убијци сериозно оштетија едрилица во близина на јужниот шпански брег, соопшти локалната спасувачка служба, во последниот од десетиците напади на орки врз пловни објекти долж шпанскиот и португалскиот брег оваа година.

 

Денес во раните утрински часови група орки го пробиле трупот на брод кој пловел кон Гибралтар. Четиричлениот екипаж ги повикал шпанските власти на помош, изјави портпаролот на спасувачката служба.

На помош на екипажот на 20-метарскиот брод Mustique, кој пловел под британско знаме, притрчале спасувачи со брод и хеликоптер. После тоа, тој бил закотвен во пристаништето Барбате во провинцијата Кадис за поправка.

Според истражувачката група ГТОА, која ги следи популациите на ибериските орки, инцидентот следи по најмалку 20 интеракции само во Гибралтарскиот Теснец помеѓу малите бродови и овие морски предатори. Во 2022 година, пријавени се 207 интеракции, покажуваат податоците на ГТОА.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе