Нова дефиниција за луксуз на струја - Mercedes EQS
Mercedes ја претстави внатрешноста на својот нов електричен модел што многумина го споредуваат со S-Class. Првите два автомобили на од новата генерација на електрични возила беа SUV модели - EQC и EQA.
Третото, а воедно и најлуксузно издание ќе биде седанот EQS.
Mercedes сега открива повеќе од 40 иновации што EQS ќе ги претстави во автомобилскиот свет. Прва по ред е аеродинамиката и исклучително нискиот коефициент на отпор: Cd е само 0,201.
Следната новина е т.н. Energizing Nature програма за релаксација на патниците во EQS, а нешто поважно е HEPA филтрирањето на воздухот во кабината.
Конечно, доаѓаме до највидливиот новитет - екранот MBUX Hyperscreen, за кој веројатно ќе се зборува со месеци. Имено, целата контролна табла стана дигитален екран. Неговата вкупна ширина е 142 см, а активната површина е 2.432,11 сантиметри квадратни. Surround аудиосистемот Burmester со 15 звучници и моќност од 710 W исто така обезбедува врвно задоволство при возењето.
Во автомобилот има вкупно 350 сензори кои го следат секој детаљ на возната динамика и околината. На сето ова се надоврзува вештачка интелигенција и систем со кој управува моќен компјутер со напреден процесор и 24 GB RAM меморија.
Mercedes EQS ќе се појави на пазарот во август оваа година.