Нови 947 случаи на заразени со COVID-19, починати 30 лица, оздравени 691

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на COVID-19, оздравени се 691 пациент, а починале 30 лица.

Од новорегистрираните, најмногу се во Скопје-530, по што следи Тетово со 54, Битола и Охрид со по 43, Прилеп 38, Куманово-30, Гостивар и Кичево по 25, Струмица 23, Велес-22, Струга-18, Штип-15, Кавадарци-8, Гевгелија-3,  Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани, Дебар и Неготино по три,  Пробиштип, Свети Николе и Ресен со по осум, Македонски Брод и Делчево по пет, Демир Хисар и Кратово со четири, Неготино и Гевгелија по три, Берово и Валандово по два, Виница и Пехчево по еден.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 691 оздравен пациент од: Скопје-301, Куманово-45, Штип-13, Прилеп-34, Тетово-51, Струга-4, Велес-29, Битола-16, Охрид-24, Кавадарци-23, Гостивар-20, Гевгелија-13, Струмица-40, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-8, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-4, Кратово-5, Свети Николе-5, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-1.

– Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г), соопштија од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 18060, активни 7037
• Куманово 2730, активни 660
• Дебар 386, активни 75
• Штип 1979, активни 419
• Прилеп 1852, активни 762
• Тетово 2837, активни 926
• Струга 958, активни 193

• Велес 1211, активни 672
• Битола 1097, активни 544
• Охрид 1002, активни 410
• Кавадарци 752, активни 339
• Гостивар 1528, активни 430
• Гевгелија 495, активни 199 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1244, активни 625
• Крива Паланка 297, активни 92
• Радовиш 316, активни 118
• Крушево 49, активни 24
• Кочани 905, активни 278
• Пробиштип 271, активни 96
• Демир Хисар 117, активни 45
• Македонски Брод 119, активни 17
• Пехчево 64, активни 5
• Берово 258, активни 73
• Валандово 122, активни 35
• Виница 239, активни 116
• Делчево 327, активни 170 (86 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 101, активни 61
• Свети Николе 561, активни 125
• Кичево 784, активни 311
• Ресен 300, активни 93
• Неготино 261, активни 166 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3042 теста се преку: ИЈЗ-613, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-378, Биотек-378, МАНУ -304, Жан Митрев (Филип Втори) -304, Систина со PCR метода -436, лабораторија Лаор –77, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-11, ГАК-0, Синлаб-75, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -221, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид -19.

– На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на COVID-19, наведоа од МЗ.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 424
• Гази Баба – 964
• Аеродром -1097
• Карпош – 945
• Центар – 918
• Кисела Вода – 860
• Ѓорче Петров – 567
• Бутел – 380
• Шуто Оризари – 111
• Студеничани – 32
• Сарај – 73
• Арачиново -19
• Илинден – 167
• Сопиште – 56
• Чучер Сандево – 58
• Петровец –65
• Зелениково -39
• Странец – 112
• Нераспределен- 150.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе