Lionsgate објави нов трејлер за филмот „Now You See Me 2“, во кој е најавена можноста за досега најголемиот магичен трик на сите времиња.
Четворицата илузионисти повторно се враќаат, овој пат Исла Фишер е заменета со Лизи Каплан. Морган Фримен повторно се враќа за да им помогне на Џеси Ајсенберг, Вуди Харелсон, Дејв Франко и Каплан.
Во филмот ќе видиме и магични трикови од Хари Потер, односно Даниел Ретклиф. Премиерата е закажана за 10 јуни.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=6UjbmIoM_aE]