Disney + го објави привиот трејлер за новата телевизиска минисерија Secret Invasion создадена за стриминг платформата, базирана на истоимената приказна на Marvel Comics.
Ова ќе биде деветта телевизиска серија во Marvel Cinematic Universe (MCU) во продукција на Marvel Studios, која го дели континуитетот со филмовите од франшизата. Дејството го следи Ник Фјури и неговите сојузници, кои се обидуваат да ја спречат инвазијата на Скрул на Земјата.
Креаторот на серијата Кајл Бредстрит е главен сценарист, а Али Селим е режисер.
Семјуел Л. Џексон ја повторува својата улога на Фјури од филмскиот серијал, а во серијата играат и Бен Менделсон како Талос, како и Коби Смолдерс, Кингсли Бен-Адир, Емилија Кларк, Оливија Колман, Мартин Фримен и Дон Чидл.
Премиерата на Secret Invasion е закажана на 21 јуни 2023 година, а серијата ќе се состои од шест епизоди. Тоа ќе биде првата серија од петтата фаза на MCU.