Netflix објави трејлер за еротскиот филм „365 Days: This Day“, кој на платформата ќе биде достапен од 27 април.
Филмот е продолжение на полскиот еротски филм „365 Days“ кој предизвика различни коментари по прикажувањето во 2020 година, поради експлицитните секс сцени. Во првиот дел приказната за Лаура и Масимо заврши неизвесно, а во продолжението може да погледнеме како се развива нивната сексуално набиена романса.
Новиот почеток на парот е комплициран од семејните врски на Масимо и таинствениот маж кој влегува во животот на Лаура, со цел да го освои нејзиното срце. Освен Лаура и Масимо, во вториот филм се враќа и Олга, најдобрата пријателка на Лаура.
„Без сомнежи, ова е приказна за жените, како можеме да бидеме наивни, слепи, вљубени, но и да учиме од сопствените грешки“, изјави Бланка Липинска, авторка на романите по кои се снимени филмовите.
Првиот филм доби мешани критики, за некои е многу подобар од „50 Shades of Gray“, додека според други се романтизира опасна врска меѓу киднапер и жртва.