Објавена листата на најплатени актери за 2023, ќе се изненадите кој е прв

Forbes ја објави листата на најплатени актери во 2023 година. На изненадување на многумина, првото место не им припадна на ѕвездите од филмот „Barbie“ или „Oppenheimer“, иако тие две остварувања ја одбележаа минатата година.

За најплатен актер во Холивуд во 2023 година е прогласен Адам Сендлер, кој заработил вртоглави 73 милиони долари. Откако актерот во 2014 година потпиша договор со Netflix за четири филма вреден 250 милиони долари, тој додаде значителни суми во неговиот домашен буџет.

Минатата година на Netflix беше објавен вториот дел од неговиот филм „Murder Mystery“, кој собра повеќе од 173 милиони часови гледаност, а неодамна на оваа платформа беше објавена и научно-фантастичната драма „Spaceman“. Критичарите и публиката не се ентузијасти за филмот, а многумина пишуваат дека славниот актер треба да се држи до комедии.

Марго Роби е рангирана на второто место на листата како најмлада актерка и само една од двете актерки на листата. Втората жена на листата е Џенифер Анистон, чија заработка во голема мера се должи на „Friends“, иако нивното емитување заврши пред 20 години.

Погледнете ги другите актери кои се најдоа на листата на Forbes за најплатени актери во 2023 година.

  1. Адам Сендлер - 73 милиони долари
  2. Марго Роби - 59 милиони долари
  3. Том Круз - 45 милиони долари
  4. Рајан Гослинг - 43 милиони долари
  5. Мет Дејмон - 43 милиони долари
  6. Џенифер Анистон - 42 милиони долари
  7. Леонардо Дикаприо - 41 милион долари
  8. Џејсон Стејтам - 41 милион долари
  9. Бен Афлек - 38 милиони долари
  10. Дензел Вашингтон - 24 милиони долари
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе