Објавена содржината на мејлот што Џоли му го пратила на Бред Пит откако раскинале

Излезе во јавност содржината на мејлот што Анџелина Џоли му го испратила на Бред Пит откако парот се остави.

Овој мејл го објави Entertainment Tonight, а бил пронајден во еден од судските документи. Анџелина го напишала во јануари минатата година.

Прво изјавила дека решила да му се обрати на овој начин бидејќи би станала премногу емотивна доколку зборуваат во живо. Потоа ја детализира нејзината одлука да ја продаде винарската визба Шато Миравал во Франција, чиј косопственик беше Пит. За потсетување, оваа поранешна актерска двојка извесно време живееше на имот во близина на винаријата.
„Тоа е местото каде што ги донесовме нашите близнаци и каде се венчавме во спомен на мајка ми. Мислев дека ќе остарам овде. Невозможно е да го напишам ова без да плачам. Ќе го негувам сеќавањето на она што беше пред 10 години“, почнува нејзиното писмо.

Понатаму наведува дека ова е и местото кое било „почеток на крајот на нивното семејство“ и каде алкохолот станал фокус.

„Се надевав дека ќе најдеме мир заедно. Сега гледам дека навистина сакаше да се ослободиш од мене и најверојатно ќе ти биде мило кога ќе го прочиташ овој мејл“, додава таа.

Сета дека во изминатите четири години тој неконтролирано трошел пари и донел одлуки со кои таа не се согласувала.

„Ме потресоа фотографиите кои беа користени за промовирање на консумирање алкохол. Тоа не е нешто што сакам да го видат нашите деца. Ме потсети на болни времиња. Не можам да се занимавам со бизнис што вклучува продажба на алкохол, бидејќи алкохолизмот многу му наштети на нашето семејство“, напиша таа.

Таа му рекла дека ќе го поддржи доколку реши да ја продаде винаријата и на тој начин „да се оддалечи од тешкото и болно поглавје во нивниот живот“.

„Алтернативата е ти, семејството Перан или твоите соработници да го откупите мојот дел. Во секој случај, верувам дека треба да одиме напред и тоа брзо“, наведува.

Го спомнува и инцидентот од 2016 година кога тој наводно физички ги нападнал децата и неа. Набргу по овој инцидент, таа поднела барање за развод.

„Не можам да ти опишам колку сум вознемирена. Јасно кажа дека твој сон е да продаваш алкохол. Ти посакувам сѐ најдобро во твојот бизнис и искрено се надевам дека кога децата ќе пораснат ќе сакаат да ја посетат винаријата и имотот. Миравал за мене умре во септември 2016 година и сѐ што сум видела во годините оттогаш за жал го потврди тоа“, заклучува таа.

Потсетуваме дека во јули таа го доби спорот против Бред за продажба на удел во споменатата винарија.

реклама

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе