Времето ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Дневната температурата ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Во Скопје во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Дневната температура ќе достигне 19 степени.
УВ индексот ќе изнесува 3.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Повторно повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Температурата ќе биде во благ пораст.