Одржани првите парламентарни избори во Катар, не е избрана ниту една жена

Катарците гласаа на првите парламентарни избори во земјата во саботата, но ниту една жена не е избрана во парламентот.

Во оваа богата земја од Заливот владее кралското семејство, а политичките партии остануваат забранети.

Гласачите избраа 30 од 45 членови на Советот наречен Шура, советодавно тело без голема моќ. Досега, членовите на тој Совет беа именувани од емирот Тамим бен Хамад Ал Тани.

Сите 30 места ги освоија мажи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Ниту една од 28-те жени на кои им беше дозволено да учествуваат на изборите не беше избрана.

Како што јавуваат странските агенции, емирот на Катар, кој треба да ги именува преостанатите 15 членови на Советот на Шура, може да го намали овој дисбаланс со назначување жени. Меѓутоа, не е познато кога ќе бидат објавени овие именувања и кога ќе биде инаугуриран Советот.

Советот ќе може да предлага закони, да го одобри буџетот или да ги отповика министрите, овластувања што ги немаше порано. Но, емирот ќе има право на вето.

Според официјалните податоци, 63,5% од гласачите излегле на гласање, што е многу повеќе отколку на локалните избори во 2019 година, кога гласале помалку од еден од десет гласачи.

Според државната новинска агенција, на изборите имало 233 кандидати, од кои сите морале да имаат дозвола од министерот за внатрешни работи.

За време на кампањата, на мал број политички собири, кандидатите избегнуваа прашања за надворешната политика и за статусот на монархија, фокусирајќи се на здравјето, образованието и граѓанските човекови права.

Повеќето од 2,5 милиони жители на Катар, најголемиот светски производител на течен природен гас, се странци и немаат право на глас. Меѓу 330.000 Катарци, право на глас и кандидатура имаат само потомците на оние кои биле државјани на таа земја во 1930 година.

Првите парламентарни избори, предвидени со уставот од 2004 година и неколку пати одложени, се одржаа во време кога земјата е под лупа на меѓународната заедница.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе