Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

Поддршката од Армијата не е заради инцидентите, туку да ѝ се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области. Припадниците на Армијата ќе им помагаат полициските службеници, пред сѐ за одржување на редот пред ковид центрите за да се овозможи поквалитетна и непречена работа на здравствените работници.

На барање на Главниот штаб завчера Министерството за внатрешни работи изработило конкретен план за точките кои ќе треба да бидат обезбедувани од страна на полицијата и Армијата и била утврдена вкупната бројка припадници на полицијата и Армијата. Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, но бројката е еластична.

Приватните болници, што имаат сопствено приватно обезбедување, нема да се обезбедуваат.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера соопшти дека припадниците на специјалните единици ќе бидат употребени само во исклучителни моменти. Додаде дека со цел да бидат целосно транспарентни во Акцискиот план се предвидува вклучување и на невладините организации, чии претставници ќе учествуваат на состаноците, но без право на глас.

Кризната состојба според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе придонесе за искористување на сите државни капацитети, но и делови од приватниот сектор, со цел да се заштити животот на граѓаните.

– Вака можеме полесно да ги искористиме сите потенцијали, а сѐ да биде координирано од еден центар. Кризната состојба не значи дека од утре нешто се менува радикално. Тековните обврски на граѓаните се одвиваат непречено. Ние четири дена сме во кризна состојба, а граѓаните ги извршуваат своите редовни обврски, рече вчера Спасовски.

Тој вели дека засега нема потреба, но полицискиот час е опција доколку има прогресирање на пандемијата. Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати. Државата, вели, е тука и ќе направи сѐ за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата.

Владата во петокот донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од COVID-19 и заради спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Тоа беше на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена. Во четвртокот, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.

Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе