Opel го претстави новиот Crossland - одличен дизајн и нова технологија
Откако PSA групацијата го купи Opel, германскиот бренд активно ја освежува својата понуда. Прво пристигна новата Corsa, па Mokka, а сега и новиот Crossland.
Кросоверот има нов дизајн и е сличен како моделот Mokka. Има нови куќишта за предните светла и нови фелни.
Crossland ќе биде достапен со 1,2-литарски бензин и 1,5-литарски дизел мотор, а развива од 83 до 130 коњски сили. Во понуда се автоматски и мануелен менувач.
Продажбата започнува наскоро.