Отворен првиот Велоштад во Скопје
Кај Транспортниот центар никна првиот Велоштад во македонската метропола.
Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.
Решението „Велоштад“ е на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска и беше победник на повикот за прототип на велопаркинг.
Фото: Град Скопје