Oва е новиот Aston Martin Vantage F1 Edition
Aston Martin ќе го понуди Vantage F1 Edition само во Coupé верзија, а со посебното издание на моделот - британската автомобилска компанија го одбележува влегувањето во светот на Формула 1 во кој оваа година ќе има свој тим.
Зад додатокот F1 Edition се крие AM Vantage кој го движи познатиот 4-литарски бит турбо мотор на AMG кој располага со 535 коњски сили и 8-степен менувач.
Сите планирани примероци ќе се понудат во три бои за каросеријата меѓу кои најмногу се истакнува зелената боја, а посебното издание ќе го красат 21-инчни алуминиумски фелни.
Испораката почнува во мај.