Ова е новиот Ford F-150 Lightning кој чини 40.000 долари
Компанијата Ford го претстави F-150 Lightning, првата електрична верзија на најпродаваниот пикап кој ќе биде ривал на Tesla Cybertruck откако ќе се појави на пазарот на почетокот на наредната година.
Пикапот го движат два електрични мотори кои развиваат 555 коњски сили и 1.050 Nm максимален вртежен момент. Ќе се нуди со две батерии и ќе има домет од 370 и 483 км.
Oд 0 до 100 ќе забрзува за само 4 секунди.
Од 15 до 80 проценти се полни за само 41 минута.
Ќе се продава по цена од 39,974 долари.