Ова се петте причини зошто Бајден победи на изборите

По скоро 50 години во политиката, Џо Бајден победи на изборите и стана 46. американски претседател.

Неговата кампања не беше предвидлива. Се одвиваше во време на пандемија и општествени немири во САД какви што немало во поново време. Негов противник беше неконвенционален актуелен претседател – Доналд Трамп - но тимот на Бајден сепак успеа да победи.

BBC направи анализа и ги наведе петте причини зошто Бајден и неговиот тим успеаја да извојуваат победа на претседателските избори во САД.

1. Коронавирус

BBC како прва причина за победата на Бајден ја наведува пандемијата со коронавирусот. Пандемијата во која животот го загубија над 230.000 Американци ги смени политиката и секојдневниот живот во САД, како и во сите други земји во светот.

Во последните денови од кампањата, дури и Трамп зборуваше за коронавирусот. „За медиумите за лажни вести сѐ е за корона, корона, корона“, рече Трамп на митингот во Висконсин.

Фокусот на медиумите кон коронавирусот беше одраз на фокусот на јавноста кон пандемијата, со која Трамп не се справи многу добро. Анкетата спроведена од Pew Research минатиот месец покажа дека Бајден има 17 проценти поголема поддршка од Трамп кога станува збор за борба против коронавирусот.

Коронавирусот ја изби од кампањата на Трамп пораката за економски раст и просперитет, а не му помогна ни преиспитувањето на научниот пристап. Покрај тоа, анкетата на Gallup покажа дека рејтингот на Трамп падна за 38 проценти во текот на летото поради коронавирусот.

2. Кампања „под радарот“

За време на неговата кариера, Бајден изгради репутација на политичар кој со раскажување приказни влегува во неволја. Тој имаше многу гафови што беа проблематични за него во 1987 година, како и во 2007 година.

Во третиот обид да стигне до Белата куќа, тој имаше неколку гафови, но многу помали, така што тие не се претворија во проблем. Но, исто така е важно да се напомене дека тој се спротивстави на човек кој имаше многу повеќе гафови. Покрај тоа, фокусот беше ставен на вестите за протестите, коронавирусот и Џорџ Флојд, така што немаше место за гафовите на Бајден.

3. Луѓето сакаа кој било, само не Трамп

Една недела пред изборите, кампањата на Бајден ги емитуваше последните телевизиски видеоспотови. Пораката беше слична на онаа што ја понудија кога само што се кандидираше. Го избраа слоганот дека овие избори се „борба за душата на Америка“, како и можност нацијата да се обедини по четири години хаос. Кампањата на Бајден сметаше на тоа дека Трамп создаде премногу поделби.

Последната порака на Бајден беше едноставна, а тоа е дека тој не е како Трамп.

4. Се држеше до центарот

За време на кампањата за демократски кандидат за претседател, ривалите на Бајден беа од левицата. Сандерс и Ворен организираа кампањи кои ги привлекуваа луѓето како да доаѓаат на концерт, а не на политички митинг.

И покрај притисокот, Бајден се држеше до стратегијата на центарот и одби да ги поддржи универзалната здравствена заштита за сите, бесплатното студирање и данокот за најбогатите. Ова му овозможи да зграби и дел од републиканското гласачко тело.

Но, за да го надополни тоа, тој за потпретседател ја зеде Камала Харис, која е поблизу до левицата од него. Единственото место каде што тој е близу до левицата се климатските проблеми и заштитата на животната средина, со што се обиде да се доближи до помладите гласачи.

5. Повеќе пари

На почетокот на годината, кампањата на Бајден немаше пари. Тој влезе во трка во која Трамп беше фаворит и имаше цели четири години во кои водеше кампања за негов реизбор.

Но, од април наваму, кампањата на Бајден собра многу пари и на крајот имаше повеќе средства од Трамп. На почетокот на октомври, тие имаа 144 милиони долари повеќе од кампањата на Трамп и можеа да си дозволат еден куп ТВ-кампањи во скоро секоја клучна држава.

За споредба, Хилари Клинтон имаше повеќе пари од Трамп во 2016 година, но тоа не се покажа како доволно. Но, во време на пандемија, Американците поминуваа многу повеќе време дома, така што кампањите на телевизијата и социјалните медиуми значеа повеќе.

реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе