Палестинците се пофалија со големиот мозаик во древен пустински дворец
Палестинските власти открија еден од најголемите подни мозаици во светот, во градот Ерихон, на окупираниот Западен Брег.
Беа потребни пет години и околу 12 милиони долари за да се обноват мозаиците во дворецот Хишам, јавува BBC. Мозаикот е стар повеќе од илјада години, а дворецот Хишам е откриен дури во 19 век.
Остана запоставен сѐ додека не почна лансирана реставрацијата финансирана од Јапонија во 2016 година. Големината на мозаичниот панел е околу 835 квадратни метри, а содржи повеќе од пет милиони парчиња. Палестинските власти се надеваат дека мозаичниот под ќе стане главна туристичка атракција.
Дворецот Хишам е пустинска палата од династијата Омајади, која владеела од 660 до 750 г. Тоа е првата династија по владеењето на четворицата праведни калифи, кои владееле по смртта на пророкот Мухамед.