Палевски замина по четири часа распит во СЈО

По четири часа распит, бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат излегоа од специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат за што станува збор.

Палевски само кусо изјави дека станува збор за предистражна постапка. Тој вчера беше задржан во полициската станица во Кисела Вода.

Неофицијално, станува збор за негова инволвираност во врска со објавените прислушувани разговори на „Јутјуб“ под псевдонимот „Никола Тесла“.

Од СЈО велат дека тој бил на распит во рамки на предистражна постапка и поради тоа не можат да откријат повеќе детали. Нема информации ниту од Кривичниот суд.

Палевски од СЈО замина со приватно возило, што значи дека не му е определен притвор.

Приватните телефонски разговори кои беа објавени на каналот „Јутјуб“ пред повеќе од една година од ескпратеничката Ермира Мехмети, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот премиер Хари Костов, бизнисменот Јордан Камчев, уредниците на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска, новинарката Оливера Трајковска, сè уште се споделени на оваа социјална мрежа.

Првиот објавен видеоклип под псевдонимот „Никола Тесла“ е објавен лани на 6 април.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Македонија

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Read more

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Read more

Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк

Read more

Како македонските филмаџии ќе ќарат од новиот закон за игри на среќа?

Read more
 

Вести

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Читај повеќе
  • play_arrow

Се судрија американски воени авиони во воздух, пилотите преживеаја

Читај повеќе
  • play_arrow

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Читај повеќе

Како Европската инвестициска банка ја менува економската мапа на Западен Балкан?

Читај повеќе

Воен авион на НАТО собори украински дрон во Естонија

Читај повеќе

Косовец летал со 203 километри на час кај Смоквица

Читај повеќе

Reuters: Кина тајно обучувала руски војници за на украинскиот фонт

Читај повеќе

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Читај повеќе

Сите пречки што моментално стојат на патот и како Западен Балкан може да ги надмине за да влезе во Шенген

Читај повеќе