Парното поевтинува за 11 отсто

Корисниците на топлинска енергија во Скопје ќе плаќаат пониска цена за околу 11 отсто, одлучи регулаторната комисија за енергетика.

„Крајните цени кај сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија  од страна на операторите Балкан Енерџи, значи производство, дистрибуција и снабдување, ќе имаат намалување на цените кај домаќинствата за 10,93 отсто, кај потрошувачите од тарифната категорија образование минус 40,62 отсто, и кај останатите категории останатите потрошувачи ќе биде намалувањето минус 28,74 проценти“, рече претседателот на Регулаторната комисија, Димитар Петров.

Тој додаде дека и надоместокот за фиксниот дел за домаќинствата се намалува за минус 2,67 отсто, а  сите симулации ги прават за станови во просек од 50 метри квадратни.

Петров рече дека кај корисниците на топлинска енергија од Скопје Север намалувањето е 4 отсто и кај домаќинства и останати.

Кај ЕЛЕМ енергетика, домаќинствата имаат намалување од 11,59 отсто, училиштата 1,49 и деловните субјекти 3 отсто.

Исклучените корисници на парно ќе имаат пониски сметки за 2,67 отсто, односно наместо 546 денари како досега ќе плаќаат 532 денара.

„Драстично намалената цена на природниот гас и намалените оперативни трошоци на компаниите се клучните причини за поевтинувањето на парното“, нагласи Петров.

Според пресметките, со сегашното намалување на цената, сметките за парно за стан од 50 метри квадратни ќе изнесуваат 20.815 денари на годишно ниво, наместо 23.638 денари.

Претседателот на РКЕ информира дека порамнувањето на сметките веќе нема да биде два пати годишно, туку само еднаш во мај, јуни и јули. Веќе нема да има декемвриско порамнување.

Парно греење најмногу дистрибуира БЕГ на околу 46 илјади корисници, потоа ЕЛЕМ Енергетика на 3.500 и Скопје-Север на 300 потрошувачи.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе