Поранешната свршеница на Мерилин Менсон го обвини пејачот за сексуално насилство

Актерката Еван Рејчел Вуд и досега отворено зборувала против физичкото, психичкото и сексуалното насилство и дека и самата била жртва, но не го именуваше нејзиниот злоставувач.

Во пост што денеска го објави на Instagram, 33-годишната Вуд го именуваше поранешниот свршеник Мерилин Менсон како нејзиниот наводен злоставувач.

Во објавата, ѕвездата на „Westworld“ вели дека Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, наводно бил насилен кон неа во текот на нивната тригодишна врска. Вуд и Менсон јавно соопштија дека се во врска во јануари 2007 година, кога актерката имаше 19, а пејачот 26 години, иако таа тврдеше дека се запознале кога имала 18 години.

Се свршија во јануари, 2010 година и се разделија неколку месеци подоцна.

„Почна да ме ‘воспитува’ кога бев тинејџерка и ужасно ме злоупотребуваше со години. Ми го испра мозокот и ме изманипулира да му бидам покорна. Доста ми е од живот во страв од одмазда, клевета или уцена. Тука сум за да го разоткријам овој опасен човек и да ги прозивам бројните индустрии што му го овозможија тоа, пред да уништи и нечии други животи. Стојам на страната на многу жртви кои веќе нема да молчат“, стои во објавата.

На Instagram Story на нејзиниот профил, Вуд исто така сподели постови од четири други жени кои во детали ги објаснуваат морничавите случаи на наводна злоупотреба од Менсон, вклучувајќи принудување на секс, сексуален напад и закани за сексуално насилство. Некои од жените споделија и скриншот фотографии од наводни текстуални пораки од Менсон што укажуваат на злоставувањето.

Актерката во февруари 2018 година сведочеше пред Конгресот на САД и го опиша нејзиното искуство на жртва на сексуален напад, како дел од напорите да се убедат 50 сојузни држави да донесат свои верзии на Законот за права на жртвите на сексуално насилство.

„Моето искуство со домашно насилство беше следново: токсично ментално, физичко и сексуално злоставување што почна полека, но ескалираше со тек на време, вклучувајќи закани по мојот живот, сериозно перење на мозокот и ситуации во кои ме будеше силување од човекот кој тврдеше дека ме сака и мислеше дека сум во бессознание“, рече таа тогаш.

Во 2011 година Менсон беше обвинет за сексуален напад, но случајот беше повлечен неколку години подоцна.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе