Едно машко лице вчеравечер е повредено пред угостителски објект на улицата „Миле Поп Јорданов“ во скопската населба Козле.
Лицето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, настанала расправија во угостителски објект помеѓу Б.Ѓ(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лице, од друга страна. Потоа, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.