Пожар на Матка, се шири кон браната и кон Водно

Попладнево пожар избувна и на Матка и се шири кон браната и кон село Шишево, информира Центарот за управување до кризи. Гори мешана шума од левата страна на браната Матка, на непристапен терен.

Пожарот се шири кон браната Матка и кон планината Водно. Околу 15:30 часот пожарот се префрлил и на десната страна од браната и се шири кон селото Шишево. Неколку екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се испратени на терен.

Пожарот кај скопското село Студеничани е се уште активен. Активен е и пожарот во село Требовље, кај Македонски Брод, како и пожарот кај Лутоец, во атарот на селото Растеш кон населеното место Заград. Активни се и пожарите кај село Подвис кон село Локвени во општина Кривогаштани, како и кај гостиварското село Корито.

Во моментов за пожарот во атарот на село Требовље, во општина Македонски Брод ангажирани се припадници на АРМ, два хеликоптери, еден од АРМ и еден од соседна Бугарија, Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, месното население од селото Растеш и доброволци од Тетово, ЈП „Македонски шуми“- Македонски Брод.

Вработени на ЈП „Македонски шуми“ од Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во село Девич, кој е ставен под контрола.

Пожарот во атарот на село Подвис кон село Локвени е се уште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Попладнето пожарот во делот кон село Локвени е локализиран, но се префрла по ридот накај селата Алданци и Норово. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица Крушево, ЈП „Липа“, ДЗС-Битола, ТППЕ Кривогаштани и интензивно се работи на негово гаснење.

Пријавен е пожар на нискостеблеста дабова деградирана шума во атарот на село Житоше, а на терен се вработени од ЈП „Липа“. Пожарот е делумно локализиран, но екипата е се уште на терен и работи на целосно изгаснување.

Во пожарот кај село Корито, кој од лева страна, односно од селата Гургурница и Порече се движи кон село Корито, гори сува трева. За гасењето на пожарот испратена е екипа на „Македонски шуми“ Гостивар, а месното население веќе дејствува.

„Македонски шуми“-Тетово интервенираат на опожарена нискостеблеста шума и сува трева над село Копанце, општина Јегуновце. Според ЦУК, станува збор за пожар кој пред четири дена беше активен од страната на селата Радуша и Дворце од скопскиот регион. Направен е пресек за пожарот да не се спушти надолу кон селото каде што има и мала шума. Засега нема опасност од проширување и опожарување на шумата.

реклама

Македонија

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Read more

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Read more

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Read more

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more
 

Вести

  • play_arrow

е урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе