Познато кои актери ќе ги толкуваат улогите на принцот Вилијам и Кејт во „The Crown“

По исцрпна селекција на актери, драмата „The Crown“ конечно ги пронајде актерите кои ќе се појават во улога на принцот Вилијам и Кејт Милдтон во шестата сезона.

Продуцентите одбраа двајца актери за улогата на британскиот принц, одбрани се да го толкуваат неговиот лик како од тинејџер станува млад маж, пишува Deadline.

Тинејџерот Руфус Кампа ја презеде улогата на принцот Вилијам од 15 години, додека Ед Меквеј ќе го портретира во доцните тинејџерски години и како возрасна личност.

За улогата на Кејт е одбрана Мег Белами.

Кампа ќе се појави во епизодите кои прикажуваат како британското кралско семејство се носело со трагичната смрт на принцезата Дајана, која почина во август, 1997 година.

URL

Шестата сезона на „The Crown“ означува професионално деби за тројцата споменати актери. Снимањето започнува кон крајот на годината.

Петтата сезона треба да се прикажува на Netflix во ноември годинава, со Имелда Стаунтон како кралицата Елизабета, Лесли Менвил во улога на принцезата Маргарет, Џонатан Прајс како војводата од Единбург принц Филип, Елизабет Дебицки како принцезата Дајана и Доминик Вест во улогата на принцот од Велс.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе