Пратениците ги донесоа законите за Собранието и за амнестија

Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена.

За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан.

Предлог на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и 1 „против“.

Со 84 гласа „за“, ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Собранието во рамки на денешната седница констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 86 став (1) од Законот за управни спорови, поднесено од пратеникот Јован Митрески не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Јован Митрески.

Амандманите на Левица го блокираа покачувањето на платите на судиите

Исто така, Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 1, 8 и член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесено од пратеникот Хусни Исмаили не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Хусни Исмаили.

Собранието констатира дека Барањето за давање на автентично толкување на член 24 став (2) точка б) од Законот за административни службеници, поднесено од пратеникот Снежана Калеска-Ванчева не е оправдано и нема потреба од автентично толкување на член на овој закон поради причините содржани во извештајот на Законодавно-правната комисија на Собранието. Овој заклучок заедно со извештајот на Законодавно-правната Комисија на Собранието да се достави до пратеникот Снежана Калеска-Ванчева.

За попладне Собранието ќе продолжи со работа по продолженијата на седниците 71, 79, 95, 97, 100 и 103.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе