Пратениците не поддржаа укинување на пржинската влада и на апанажата

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „пржинската влада“.

За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен.

Пратениците со 47 гласа „за“, 33 „против“ и без воздржани го усвоија Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од: Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков.

Петар Ристески образложи дека целта на предлог-законот е да се надминат проблемите, да се обезбеди правна сигурност при откупот на тутунот и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Потоа Џафери ја здолжи Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство како матично тело да расправа по законот.

Беше повлечен Предлог-законот за изменување на Законот за семејство, поднесен од Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кој треба да се донесе по скратена постапка. Апасиев образложи дека го повлекува законот бидејќи во текот на вчерашниот ден е остварена комуникација со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и најави дека следната недела ќе има средба во МТСП.

Не беше усвоен Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката од Левица, кој има за цел укинување на апанажата. За гласаа 16 пратеници, против беа 13, а воздржани немаше.

Во процедурална забелешка Талат Џафери објасни зошто гласал против овој закон. Посочи дека Собранието не е локална самоуправа каде функционира врз доброволна основа, без надоместоци и рече дека на крајот на мандатот функционерите ја користат законската можност. Нагласи дека гласал „за“ Законот за тутун зошто тутунопроизводителите се занимаваат со една од најтешките работи во земјоделството, од утро до мрак.

Тој рече дека не го поддржал Законот за Влада зошто една година се води, како што рече, меѓупартиски договор за да се излезе со договор. Го повтори ставот дека тој закон треба да се донесе откако ќе го потпишат сите координатори на пратеничките групи, најголеми. Смета дека законот е неуставен.

Тагови
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе